Во Србија формираат работна група за анализа на смртните случаи од ковид-19

Ковид клиника Србија
Фото: ЕПА/ЕФЕ

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, изјави дека „е време” да се формира Работна група на Министерството за здравство за анализа на смртните случаи за време на епидемијата со ковид-19, за доброто на идните генерации.

По состанокот со државните секретари и раководителите на здравствените институции, Лончар за Радио Телевизијата на Србија изјави дека Работната група ќе вклучува претставници од болниците, локалните самоуправи и оние кои се занимаваат со статистика.

– Рековме дека кога условите ќе бидат соодветни, ќе формираме тим што ќе се занимава со анализа на смртни случаи од ковид-19. Единствениот начин да се знае со сигурност дали некој починал од короната е обдукција, но тоа не беше дозволено да се направи по препорака на СЗО на такви пациенти, изјави српскиот министер.

Тој додаде дека во анализата ќе бидат вклучени и луѓе кои починале, но не биле во болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот