Во Србија 289 новозаразени од коронавирус, војската ја подготви Арена за новите пациенти

Фото: МИА

Припадниците на Војската на Србија денеска поставуваа кревети во белградска Арена за пациенти заразени од коронавирус кои имаат полесна клиничка слика.

Во Србија во последните 24 часа е регистриран благ пад на бројот на заразени од коронавирусот – потврдени се 289 нови случаи меѓу 7.872 тестирани примероци, а починаа уште шест лица, соопшти министерството за здравство додека војската завршува со поставување кревети во белградска Арена.

Од почетокот на епидемијата во оваа земја се тестирани 447.317 луѓе, од кои позитивни на коронавирус се 16.420.

Од последиците на ковид-19 починаа 317 заболени, а на респиратори се моментално 93 пациенти.

Припадниците на Војската на Србија денеска поставуваа кревети во белградска Арена за пациенти заразени од коронавирус кои имаат полесна клиничка слика.

Оваа привремена ковид болница веќе денеска би можела да ги прими првите пациенти, рече заменик градоначалникот Горан Весиќ.

Тој нагласи дека одлуката на Кризниот штаб била Арена да се преуреди во ковид – болнциа со оглед на тоа што Белград е најголемо жариште. Капацитетот на привремената болница во Арена е 500 кревети.

Вонредна состојба поради големиот број заболени од ковид-19 е воведена во Белград и во уште 12 градови ширум Србија. Најтешка е состојбата во Нови Пазар и Тутин кај Санџак.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот