Во Србија 227 новозаразени, починале уште две лица

Пензионери / Илустративна фотографија: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 227 нови случаи на коронавирус, починале уште две лица, а направени се 5.456 тестови.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут”, 22 пациенти се на респиратори.

Ова е четврти ден по ред со повеќе од 200 новозаразени лица.

Вчерашниот број од 265 нови случаи на заразени беше рекорден број во Србија од почетокот на третиот бран на епидемијата.

Поради влошената епидемиолошка слика во Србија, Кризниот штаб вчера одлучи да им забрани на локалните самоуправи да издаваат дозволи за организирање настани, Белградската арена од понеделник повторно ќе стане ковид болница, а услужните објекти се должни да имаат одговорно лице за спроведување на мерките во рамките на објектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот