Во сопствена режија или со помош – за украсување се трошат од 600 до 3.000 евра!
Во последните години на дуќаните и кафеаните се забележуваат и рачно исцртани слики со новогодишни мотиви, а нивната цена за само за еден излог оди и над 100 евра. И додека главниот град како по традиција, каска со новогодишното уредување, некои дуќани и шопинг центри, барем однадвор веќе блескаат во црвена и златна боја
Солидни суми на пари секоја издвојуваат македонските трговци и угостители за декорации, се со цел да создадат новодишна атмосфера. Дел од нив за „Слободен печат“ откриваат дека се подготвени да потрошат од 500 до 3.000 евра за сијалички, лампиони, висечки гирланди, разни светкави фигури и машни. Секој според џебот, а најмногу во сопствена режија се снабдуваат со ваквите украси кај трговците на големо, но има и такви кои ангажираат специјализирани фирми да им ги уредат деловните простории.
Во последните години се забележуваат и рачно исцртани слики со новогодишни мотиви, а нивната цена за само за еден излог оди и над 100 евра. И додека главниот град како по традиција, каска со новогодишното уредување, некои дуќани и шопинг центри, барем однадвор блескаат во црвена и златна боја. Иако е крајот на ноември, за дел од трговците тоа е знак дека треба да ги „отплеткаат“ новогодишните завеси од сијалички, што знак за почеток на новогодишното расположени.
Иако нема прецизни податоци за вкупната вредност на македонскиот пазар на декорации, неофицијалните пресметки се движат до два милиони долари. Од друга страна, според податоците на Опсерваторијата за економска сложеност (ОЕЦ), Македонија во 2022 година потрошила 2,17 милиони долари за увоз на божиќни украси и тоа првенствено од: Кина (1,33 милиони долари), Грција (601 илјада долари), Полска (54,4 илјади долари), Словенија (30,8 илјади долари) и Хонг Конг (27,5 илјади долари). Најбрзо растечките пазари за увоз на божиќни украси за Македонија меѓу 2021 и 2022 година биле Грција (160 илјади долари), Хонг Конг (27,5 илјади американски долари) и Турција (20,8 илјади долари), објави ОЕЦ. Од друга страна, во 2022 година, Македонија извезла божиќни украси во вредност од 21 илјади долари, со што се нашла на 99 место меѓу најголемите извозници божиќни украси во светот. Истата година, новогодишните украси беа 1.782-ри најизвезуван производ во Северна Македонија. Главната дестинација на извозот на новогодишни украси од Македонија пред две години биле: Црна Гора (18,9 илјади долари), Хрватска (1,07 илјади долари), Србија (913 долари), Швајцарија (9 долари) и Холандија (8 долари).
Инаку, глобалната платформа Статиста, објави дека вредноста на глобалниот пазар за божиќни украси и светилки во 2021 година била проценета на 6,8 милијарди американски долари. Оваа бројка се предвидува да се зголеми на над девет милијарди долари до 2026 година. Пресметаните суми ги вклучуваат светилките, новогодишните елки и другите божиќни украси. Во 2023 година, Кина беше водечка земја извозник на божиќни украси на глобално ниво, со извоз на такви артикли во износ од над 5,7 милијарди американски долари. Холандија и Индија беа некои од другите клучни добавувачи на божиќни украси ширум светот.
Во Европа, декември го означува почетокот на сезоната на празници. Иако традициите и обичаите варираат од земја до земја, осветлените улици, раздвижените пазари и лудилото за шопинг за одмор се речиси норма низ целиот регион.
Производството на новогодишни украси е посебна индустриска гранка
Производството на новогодишни украси е посебна гранка на индустриското производство во многу земји, Кина на прво место. Орнаментите се изработуваат рачно или машински, а можат да бидат за внатрешна или надворешна употреба. Новогодишните украси за надворешна употреба првенствено се карактеризираат со водоотпорност, цврстина, препознатливост, видливост и големина. Исто така, тие се погодни за закачување на големи предмети како што се мостови, згради и знамиња. Токму овој тип на новогодишни производи најмногу ги купуваат градовите и општините, за да ја разубават новогодишната прослава на населението. Не е исто кога новогодишниот концерт се одржува само под рефлектори или ако има големи украсени новогодишни елки во паркот околу вас или венци светла што висат од зградите над вашите глави пред огнометот.