Во сообраќајката на автопатот Неготино-Градско повредени три лица, итно пренесени во болница

Тројца повредени во сообраќајната незгода на автопатот Неготино-Градско со возило на Итната медицинска помош од Неготино се пренесени во Велешката болница.

Еден е полесно, а двајца потешко повредени, но сите биле надвор од животна опасност.

Директорот на Општата болница во Велес, Божидар Бојаџиев за МИА изјави дека се прават ренген снимања на повредените за да се видат повредите по што ќе се одлучи дали ќе бидат задржани на лекување во Велешката болница или ќе бидат упатени во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот