Во сообраќајка загина маж

Фото: МИА

Синоќа во полиција околу 22.50 часот е пријавено дека на раскрсницата со локалниот пат Богданци – Стојаково, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „баотиан 125“ без регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В. (30) од Стојаково и камион „мерцедес актрос“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Б. (42) од Валандово.

Во незгодата на местото на настанот починал Ѓ.В. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од олициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот