Во сообраќајка загина кичевчанец

Фото: МИА

Педесет и седум годишниот К.Џ. загинал вчера во сообраќајна несреќа во родното Кичево, извести полицијата.

Според МВР, околу 15.50 часот на крстосницата од улиците „Цветко Јаковлевски“ и „Јордан Пиперката“ возило „даеву нубира“ со охридски таблички удрило во пешакот Џ.К.(57) од Кичево.

Од силината на ударот Џ.К. починал на местото на настанот. Смртта била констатирана од лекар од Итната помош. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот