Во сообраќајка во Куманово повреден е мотоциклист

Фото: МИА

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Вчера во 15.30 часот во Куманово, на улица „Никола Тесла“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди А3“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.Р.(54) и мопед „априлија“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.Ж.(19), и двајцата од Куманово.

Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во општата болница во Куманово, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот