Во сообраќајка тешко повредена жена

Сообраќајна несреќа / Фото: Принтскрин Јутјуб

На локалниот пат кон кичевското село Грешница, вчера попладне патничко моторно возило „опел астра” со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Р. (74) од истото село, излетало од патот. Сопатничката З.Р. (75) се здобила со тешки телесни повреди.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од селото Грешница, по што била пренесена во Медицинскиот центар во Кичево. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево – информираат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот