Во сообраќајка тешко повредена старица од Пехчево

Седумдесет и шестгодишна жена е тешко повредена по директен судир на два автомобили на крстосницата во Пехчево. Жената, како што стои во полицискиот извештај, е задржана на понатамошно лекување во Штипската клиничка болница.

-Во несреќата повредено е лицето Е.П кое било сопатник во едно од возилата и е пренесена во клиничка болница Штип. Во несреќата учествувале патнички возила Сеат леон и Фолксваген голф – стои во полицискиот извештај.

Возилата кои учествувале во незгодата биле со беровски регистерски ознаки, во сопственост на жители на Пехчево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот