Во сообраќајка повредени тројца припадници на АРМ кај Гевгелија

На местото на несреќата е извршен увид од Јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Гевгелија.

Вчера во 20 часот во МВР е пријавено дека на регионалниот пат Богданци-Гевгелија, поточно на место викано Лгот, патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Б.Ј. излетало од коловозот.

Во возилото се превезувале и шест припадници на Армијата, кои биле на испомош во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“.

Во незгодата со полесни повреди се здобиле тројца припадници од АРМ, кои биле пренесени во јавната здравствена установа Гевгелија.

На местото на несреќата е извршен увид од Јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот