Во сообраќајка на патот Маврови Анови-Дебар потешко повредено едно лице

Во судир на две возила, на регионален патен правец Маврови Анови – Дебар потешко повредено е едно лице.

Сообраќајната несреќа била пријавена околу утрово 7:45 часот. Според првичните информации, во близина на крстосницата за месноста Стрезимир се судриле „опел корса„ со гостиварски ознаки што го управувал Б. Ј. од Гостивар и возило „фолксваген кеди” управувано од А. Л. (29) од долнореканското село Присојница.

Во сообраќајката со повреди се задобил Б. Ј. кој е пренесен во гостиварската општа болница.

Во тек е увид на местото на настанот што врши екипа на Одделението за внатрешни работи Гостивар, а сообраќајот на овој патен правец е во прекин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот