Во сообраќајка кај Струмица синоќа загинало едно лице и тројца се повредени

Во несреќата учествувале автомобили „форд мондео”,и „мерцедес бенз” и двата со струмички регистарски ознаки.

Дваесет и едногодишен сопатник починал, а уште тројца се повредени во сообраќајната несреќа што се случила синоќа 30 минути по полноќ на магистралниот пат Ново Село-Смоларска крстосница, на излез од село Ново Село, информираат од СВР Струмица.

Во несреќата учествувале автомобили „форд мондео“,и „мерцедес бенз“ и двата со струмички регистарски ознаки.

– Од здобиените повреди, во незгодата починал сопатникот во возилото „мерцедес бенз” И.И.(21) од село Ново Коњарево, а со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд мондео”, Д.Д.(24) и сопатникот во истото возило И.С.(19) од село Рич, додека со телесни повреди се здобил В.Ч. (23), возач на „мерцедесот” по што биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување лекарска помош, се додава во соопштението на струмичката полиција.

Прочитајте и...  Уапсен синот на Оливер Мандиќ: Ја претепал мајка му, па ги нападнал полицајците!

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на Полициската станица Струмица.

Сообраќајот бил во прекин и бил пренасочен по локалните патишта од 00:45 до 04:00 часот.

Прочитај повеќе

Тетовчанец паднал од скеле и починал на лице место

Слободен печат

Со гола жица крадел струја од бандера

Слободен печат

Маж и жена влегле во дворот на сосетката и ја нападнале

Слободен печат

Кривична против 18-годишно момче кај кого полицијата пронајде марихуана

Слободен печат

Скопјанец малтретиран во паркот во Гази Баба и во неговиот стан за долг од 4 илјади евра

Слободен печат

Две лица без дозволи поставувале банери од политички партии во Ѓорче II

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Потешко повреден работник на изградба на објект во Аеродром

Слободен печат

Се удави човек во Охридско Езерo

Слободен печат

Казни за 29 граѓани и две фирми од Струмица

Горан Наумовски

Скопјанка се повредила во градски автобус

Малолетници се судриле со велосипеди на патот Велес-Градско

Охриѓанец паднал во провалија