Во Софија протести против одлуката на Макрон: „Не на лицемерието, Да на Македонија“

Фото: БГНЕС
Фото: БГНЕС

Вечерва пред француската амбасада во Софија, Бугарија се одржа протест, на кој демонстрантите се солидаризираа со Македонија и го изразија своето незадоволство од одлуката на претседателот Макрон да се блокира почетокот на пристапните преговори за Скопје и Тирана на последниот Совет на ЕУ.

Како што јавува БГНЕС, учесниците скандирале „Бугарија и Македонија под едно небо”, „Не на лицемерието, Да на Македонија”.

– Самиот настан не е против нешто, туку е за поддршка на Македонија и за забрзување на почетокот на нејзините преговори за членство во Европската Унија – изјави еден од организаторите на собирот, скулпторот Андреј Врабчев.

Фото: БГНЕС
Фото: БГНЕС

– Местото на Македонија е во Европа поради многу причини – како географски, така и културни. Како што нашето место е во Европа, логично е и Македонија да биде дел од ЕУ. Крајно време е границата меѓу Бугарија и Македонија да биде европска, односно да биде слободна, истакна Врабчев.

Според него, доколку Бугарија и Северна Македонија одново припаднат на два различни блока, ќе се создаде сценарио кое ќе биде многу драматично и ќе влијае врз целиот Балкански Полуостров. Во таков случај, смета Врабчев, земјава многу лесно може да западне во криза, бидејќи „има обиди за нејзина поделба, како и апетити кон неа од трети држави”

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот