Во Софија протест на родители против задолжителните маски во училиштата

Родители на училишни деца денеска протестираа пред бугарското Министерство за образование и наука во Софија со барање да се укине задолжителното носење маски во училиште, а се противат и на ставање во изолација на деца со симптоми.

Според родителите, сите тие мерки се стресни за децата.

Еден од организаторите на протестот и претставник на здружението „Обединети родители”, Милко Бојанков изјави дека доколку не се слушнат нивните барања, тие ќе создадат родителски групи, кои ќе бидат околу училиштата и нема да дозволат децата да бидат ставени во изолација и ќе го контролираат целиот процес.

Утре во Софија, во 18 часот, ќе има уште еден протест пред Министерството за образование и наука во Софија, со барање, носењето маски, наместо задолжително, да биде доброволно.

Прочитајте и...  Меркел со порака до Германците: Намалете контакти и патувања

Поврзани вести

ОН: Создадени услови за влегување во сила на Договорот за вооружување

Илинка Иљоска

Заев од 25. Конгрес на СДСМ: Имаме признат македонски национален идентитет од целиот свет, македонскиот јазик е впишан во нашата лична карта во ОН

Илинка Иљоска

ВИДЕО: Протест против заострување на законот за абортус во Полска

Илинка Иљоска

Брнабиќ: Нов шеф на дипломатијата е Селаковиќ, Вулин на полиција

Слободен печат

Три жени од Кочани и Делчево починаа на штипското Инфективно одделение

Илинка Иљоска

Албанија последна во Европа по бројот на тестови за коронавирус, Мета побара итно зголемување

Илинка Иљоска

Остави Коментар