Во Софија приведен синот на претседателот Радев, од Кабинетот демантираат

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов потврди дека синот на претседателот Румен Радев – Георги бил приведен во саботата навечер поради нарушување противепидемиски мерки – присуство на забава во хостел во Софија.

Според полицијата, на забавата имало 11 малолетни лица и тројца полнолетни, јави дописникот на МИА од Софија.

– Да, можам да потврдам дека … синот на претседателот беше таму. Не можам повеќе да ви кажам. Ние не спроведуваме истрага, изјави тој.

Тоа не е прв случај на судир на синот на Радев со законот. Во 2019 година тој беше приведен во дискотека по тепачка. Две години порано беше вклучен во тепачка меѓу ученици.

Од Кабинетот на бугарскиот претседател негираа дека синот на Радев е приведен.

-Жално е што претставниците на извршната власт се вклучуваат во објавување невистини и, од друга страна, ги газат законските гаранции за заштита на идентитет на малолетници – се вели во соопштенеито од Кабинетот на Радев.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот