Во Собранието за денеска закажани продолженија на две седници

Црна Гора Собрание
Црна Гора Собрание/ Фото: Vijesti/Savo Prelević

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска закажа продолжение на две пленарни седници, 21-та и 26-та, со почеток во 15 часот.

На 26-та седница, меѓу точките на дневен ред се ставени три предлог-закони по скратена постапка и тоа: Предлог на закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Предлог на закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, како и Предлог на закон за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

На дневен ред на 21-та седница се Предлог законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за поштенските услуги во прво читање, како и Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести во прво читање.

Собранието утрово по повеќе од дваесет часа ја прекина расправата по Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка. Дваесеттата седница на чиј дневен ред е овој Предлог-закон ќе биде дополнително закажана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот