Во смртоносното стампедо во Сеул загина и младата актерска и пејачка ѕвезда

Фото: Инстаграм/Твитер/Ројтерс

К-поп ѕвездата и актер Ли Џихан (24) е потврдено дека е една од жртвите на морничавото стампедо на „Ноќта на вештерките“ во Сеул во кое загинаа повеќе од 150 луѓе.

Џихан се прослави на натпревар во пеење во Јужна Кореја, пред успешно да се посвети на актерството.


Објавувајќи црн квадрат на Инстаграм, тие во својата изјава напишаа дека се „скршени од тажната вест“ за неговата смрт и им порачаа на обожавателите дека Џихан „стана ѕвезда на небото и нѐ напушти“.

Двете агенции кои ја претставуваат ѕвездата – „935 Ентертејмент“ и „9Ауто ентертејмент“ – ја потврдија веста во неделата. Објавувајќи црн квадрат на Инстаграм, тие во својата изјава напишаа дека се „срцето им е скршено поради тажната вест“ за неговата смрт и им порачаа на обожавателите дека Џихан „стана ѕвезда на небото и нѐ напушти“.

Изразувајќи искрено сочувство до неговото семејство и сите кои го сакаа, тие го нарекоа „прекрасен и топол пријател за сите“, напишаа и за неговата блескава насмевка и му оддадоа почит на страста кон актерството, посакувајќи му среќа на последното патување.


Џихан се прослави во јужнокорејското реално шоу „Произведи 101“ во 2017 година, каде 101 кандидат за К-поп се натпреваруваа за место во 11-члениот бенд за момчиња. И покрај тоа што не беше избран да биде дел од последниот бенд „Wanna One“, Џихан ја искористи платформата за да се посвети на актерството, глумејќи во јужнокорејската средношколска драма „Денес беше уште еден ден на Нам Хјун“.

Поранешните натпреварувачи во шоуто „Произведи 101“, Парк Хисеок, Ким До-хјун и Чо Џин Хјунг, исто така, му оддадоа почит. Во заедничкото соопштение тие напишаа: „Џи Хан го напушти овој свет и замина на удобно место. Ве молиме, збогувајте се со него на неговото последно патување“.

Погребите на жртвите се веќе во тек, а владата на Јужна Кореја соопшти дека ќе понуди поддршка за трошоците за погреб. Погребот на Ли Џихан ќе се одржи на денеска.

Јужна Кореја прогласи национална жалост до 5 ноември.

Над 150 луѓе загинаа во смртоносното стампедо во Сеул, прогласена национална жалост

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Нови снимки од трагичното стампедо во Сеул

(ВИДЕО) Повеќе од 100 луѓе повредени во стампедо во Сеул

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот