Во служба на убавината – Соодветна храна и многу вода помагаат да имате убава и сјајна коса

Секој човек сонува да има раскошна и сјајна коса на која сите ќе му се восхитуваат. Честопати имаме слушнато дека косата е „круна“ на убавината, па токму затоа сите луѓе, а особено жените, редовно се во потрага по соодветен производ за нега на косата.

Но, за да се гордеете со убавата и блескава коса, освен што за нејзина редовна нега ќе користите соодветна козметиката, исто толку е важно и што јадете. Досега многупати се покажало дека храната може да има позитивно влијание врз брзиот раст на косата и врз сјајот на ноктите. Сепак, за жал, има и намирници кои можат комплетно да го уништат изгледот на убавата и негувана коса.

Што доколку имате слаба коса и кршливи нокти

Храната што секојдневно се внесува помага во зачувувањето на здравјето на внатрешните органи, но и во одржувањето на надворешната убавина.

Доколку имате кршливи нокти, сува кожа или, пак, слаба и испукана коса, тогаш вистинско време е да се прашате што внесувате во исхраната и дали можеби храната е главната причина за лошиот изглед на вашите коса, кожа и нокти.

Постојат навистина малку среќници кои во текот на својот живот никогаш не се соочиле со проблеми со косата. Но, доколку вие не сте едни од нив и доколку вашата коса е тенка, мрсна и со испукани врвови, ви предлагаме неколку намирници, кои треба да се најдат на вашето дневно мени, доколку сакате косата да блесне од убавина.

Јајце

Јајцето го забрзува растот на косата и помага влакната да станат подебели и поцврсти. Во својот состав изобилува со протеини што се одлични за зацврстување на косата, за измазнување на кожата и за зајакнување на кршливите нокти.

Семки од тиква

Овие семки се богати со цинк и многу помагаат во забрзувањето на делбата на клетките и настанувањето на керотинот, протеин што е клучен материјал од кој се направени влакната. Познато е дека цинкот ја зачувува и бојата на косата, па со нивно континуирано јадење, ќе ја намалите појавата на бели влакна.

Авокадо

Авокадото е одлично за побрз раст на косата и задебелување на влакната. Тоа е богато со бакар, кој помага во правењето на колагенот. Бакарот исто така е присутен и во школките, житариците и во темнозеленото овошје и зеленчук.

Риба

Скушата но и сите видови риба важат за супер храна за вашата кожа и коса, бидејќи тие се богати со омега-3 масни киселини, како и со витамин А и Д.

Боровинки

Ова овошје е полно со антиоксиданти кои ги чуваат фоликулите, а богатото количество витамин Ц учествува во производството на колаген. Редовното јадење боровинки многу ќе помогне во забрзувањето на растот на косата и при намалувањето на појавата на брчки.

Пијте многу вода

За да имате сјајна коса, потребно е редовно да јадете храна богата со витамин Ц, бидејќи тој ја зголемува способноста на телото да го апсорбира цинкот. Исто така, важно е во текот на денот да пиете многу вода и на тој начин комплетно да ги отстраните наталожените отрови од телото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот