Во случајот со Максим Димитриевски вклучена внатрешната контрола на МВР

Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово. / Фото: Архива на Слободен печат

Откако кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски, на својот Фејсбук профил објави видео во живо за што рече дека го запрела полиција и го пратила на технички преглед, со реакција се јави и Секторот за внатрешни работи Куманово.

Оттаму информираат дека во случајот ќе биде вклучена внатрешната контрола при МВР.

-Нема да дозволиме каков било притисок, го вклучивме Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, велат од Министерството за внатрешни работи за случајот со кумановскиот градоначалник и независен кандидат, Максим Димитриевски.

„Во врска со денешниот случај во Куманово кога е сопрено возило „рено“, управувано од Д.Д., ве известуваме дека Министерството за внатрешни работи го вклучи Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за целосно расчистување на случајот“, стои во соопштението од МВР.

Првично од МВР изјавија дека станува збор за редовна контрола и дека сообраќајна полиција го запрела возилото во кое се превезувал Димитриевски поради непрописно затемнети прозори на возило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот