Во Словенија збор на 2020 година е карантин

Љубљана, Словенија
Љубљана, Словенија / Фото EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Центарот за истражување при Словенечката академија на науките и уметностите соопшти дека збор во 2020 година е „карантин”, а потоа следад „бициклизам” и „14 дена”.

Центарот за истражување при Словенечката академија на науките и уметностите соопшти дека збор во 2020 година е „карантин”, а потоа следад „бициклизам” и „14 дена”.

Покрај 14-дневниот период на изолација поради ризичните контакти, што подоцна беше намален на 10 дена, зборот карантин се користел и за затворањето воопшто.

Возењето велосипед беше еден вид протест против Владата на премиерот Јанез Јанша за време на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19.

– Карантин беше архаичен збор што повторно стана модерен, изјави Катарина Кебер од Институтот за историја при ЗРЦ САЗУ.

Зборот карантин е изведен од италијанската фраза „quaranta giorni” што значи 40 дена. Тоа е период на изолација, а зборот првпат е воведен во 1377 година во Дубровник.

Според ЗРЦ САЗУ збор од знаковниот јазик е „коронавирус” или „Ковид-19″, додека на второ место е „Зум” (Zoom), а на трето место е „Бетовен”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот