Во Словенија се појави и нигериска варијанта на коронавирусот

Љубљана, Словенија
Љубљана, Словенија / Фото EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

По британската и јужноафриканската варијанта на коронавирусот, во Словенија е потврдено присуството и на нигериската варијанта и досега се регистрирани најмалку седум случаи на таа варијанта, објавија денес словенечките медиуми, повикувајќи се на Националната лабораторија за здравје, животна средина и храна.

Со последователно секвенционирање на десет проценти од случајно избраните примероци на позитивни тестови за основниот тип коронавирус, лабораторијата се обидува да утврди присуство на нови варијанти кај популацијата и официјално ќе ги објави досегашните резултати во четврток.

Како што објавуваат медиумите, варијантата на коронавирусот Б1.525, позната како нигериска, е потврдена минатата недела во 4 примероци од централниот дел на Словенија, а досега се потврдени најмалку 7 вакви случаи.

Нигериската варијанта е најраспространета во Данска, Велика Британија, Нигерија и САД.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот