Словенија стана нова Германија за Балканците: Лани рекорден број барања за работни дозволи

Градежни работници лето
Илустративна фотографија на градежни работници / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Во Словенија изминатава година има значително зголемување на побарувачката за вработување на странци. Заводот за вработување соопшти дека во 2021 година биле примени 52.281 барање за работни дозволи, што е најмногу од 2015 година, кога е воведен сегашниот систем, јави СТА.

Словенија на тој начин го надмина претходниот рекорд од 48.127 барања за работна дозвола примени во 2019 година, кога вработувањето на странци во Словенија беше највисоко во последните години.

Се наведува дека од 52.281 пристигнати барања во текот на 2021 година, одобрени се 46.264, а одбиени 6.017. Зголемениот интерес на странците за работа во Словенија е последица и на структурната нерамнотежа на пазарот на трудот, при што побарувачката на работодавачите во оваа земја е далеку над сегашната понуда.

Во Словенија, странците главно се вработени во дејности кои се карактеризираат со теренска работа и под тешки услови, како што се градежништво, транспорт, производство, угостителство и земјоделство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот