Во Словенија регистрирани 75 заразени од глувчја грозница

Во Словенија оваа година регистрирани се неколку десетици случаи на хеморагична треска или глувчја грозница, која се пренесува преку контакт со заразени глодари, соопштија словенечките здравствени власти, препорачувајќи примена на заштитни мерки.

Националниот институт за јавно здравје соопшти дека до 16  мај оваа година регистрирани се 75 потврдени случаи на оваа болест за која нема вакцина, а која во некои случаи може да биде смртоносна за пациентите.

Од заразените 75 пациени, 59 се машки, а 16 се жени, најмногу во југоисточниот дел на земјата.

– Болеста на подрачјето на Словенија првпат е дијагностицирана во 1954 година. При лесен облик нема посебни здравствени последици, но во одредени случаи може да биде и смртоносна, а против неа не постои вакцина – изјави др Марта Кошир од Институтот за јавно здравје.

Оваа болест се одвива во неколку фази, а карактеристични симптоми се висока температура, силна главоболка и болка во предниот дел на стомакот.

Институтот препорачува превенција со уништување на глодарите кои ја пренесуваат, односно со дератизација, како и лична хигиена, особено по работа кога човек доаѓа во контакт со земја, каде што има глодари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот