Во Словенија пронајдени остатоци од метеор што експлодирал во двор во Хрватска (ФОТО)

Во словенечкото село Пречна кај Ново Место се пронајдени остатоци од метеорот што експлодираше пред десетина дена над Хрватска и Словенија.

Деловите од метеорот ги пронашле мештаните Грегор Кос и неговиот син Jернеј во дворот на куќата, пренесува „Индекс.хр“.

– Мојот син и јас се возевме накај дома кога забележавме нешто во приодот на куќата што претходно не беше таму. Откако слушнав за потрагата по метеорот, му се јавив на г. Амбро-жиќ, кој дојде и потврди дека станува збор за метеорот – рекол Кос.

Фото: Принтскрин / Индекс.хр

Метеорот експлодираше над Хрватска и Словенија на 28 февруари. Во Загреб и во околината, но и во другите делови на Хрватска, се слушнал силен татнеж. Експлозијата се случила на 34,5 километри над Земјата, а влегол во атмосферата со брзина од 21 километар во секунда.

Iznad Hrvatske izgorio meteor

Iznad Hrvatske izgorio je meteor, pogledajte snimku pada.

Publiée par Index.hr sur Vendredi 28 février 2020

Два дена по падот на метеорот, хрватската метеоролошка мрежа направила анализа, во која е наведено дека ваквите брзи метеори не остануваат покрупни метеорити, туку целиот материјал „гори“ во атмосферата. „Меѓутоа, можно е помалите парчиња со големина до 10 грама да ја преживеат експлозијата и да се распрскаат на поширокото подрачје“, пишувало во анализата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот