Во Словенија повторно голем број новозаразени, за 24 часа регистрирани се 116 новозаразени

Фото: mia.mk

Во Словенија за еден ден 116 новозаболени од Ковид-19

Во Словенија во изминатите 24 часа регистрирани се 116 новозаразени луѓе со Ковид-19, што е највисока дневна бројка летово.

– Од 1.686 ПЦР тестови потврдени се 116 заразени односно 6,9 отсто помеѓу тестираните, додека претходнио ден имаше 99 новозаразени односно 6,7 проценти, објави словенечката Влада на Твитер.

Тоа е најголем број потврдени инфекции од 15 јуни, кога имаше 117. Во споредба со пред една недела, бројот на новозаразените е повеќе од двојно зголемен, како што двојно е зголемен и бројот на тестови.

Според епидемиолозите, во Словенија во моментов има 970 активни инфекции.

Во Словенија, 38,1 проценти од вкупното население примиле две дози од вакцината против Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот