Во Словенија повторно ден со нула новозаразени
Сите оние кои се во изолација немаат симптоми на болеста и се чувствуваат добро.
По неколку регистрирани нови случаи на лица заразени со коронавирусот, здравствените власти во Словенија објавите дека денеска повторно имаат ден без ниту еден новозаразен, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Според Националниот институт за јавно здравје, во изминатите 24 часа во земјата се направени 828 нови тестирања за Ковид-19 и сите биле негативни.
Смртни случаеви поради инфекцијата денес нема, а во медицинските центри низ земјата болнички се лекуваат само уште пет лица.
Епидемиолозите се уште ја бараат причината за новите три случаеви на коронавирусот кои се појавија во Марибор. Од вчера 42 лица се во карантин откако кај три ученици беше потврден вирусот. Сите оние кои се во изолација немаат симптоми на болеста и се чувствуваат добро.