Во Словенија повеќе од 1.600 новозаразени од Ковид-19

Во Словенија се потврдени повеќе од 1.600 нови случаи на коронавирус. Ова е објавено на веб-страницата 24 УР, која секое утро објавува неофицијални информации за вирусот, а за кои подоцна се утврдува дека се точни.

Во Словенија стапи во сила полицискиот час, односно ограничувањето на движењето помеѓу 21 и 6 часот наутро, а властите ги повикаа граѓаните да останат дома.

Дружењето е ограничено на најмногу шест лица, а постои и забрана за движење меѓу регионите.

Владата одлучи да се дозволат натпревари во колективните спортови, но само на највисоко ниво, додека за индивидуалните спортови се дозволени домашни и меѓународни спортски настани без гледачи.

Тренинзи сега се дозволени за спортисти од олимписка, светска, меѓународна и перспективна класа, како и професионални спортисти постари од 15 години, кои се запишани во регистарот на професионални спортисти во Министерството.

Владата исто така утврди дека дури и во црвените региони, фризерските и козметичките салони можат да прифатат еден клиент на 20 квадратни метри. Досега се сметаше дека во овие региони, фризерите и козметичарите можат да имаат само еден клиент во деловните простории. 

Прочитајте и...  Фон дер Лајен: ЕУ ќе добие две милијарди дози вакцини против ковид-19

Извор: МИА

Поврзани вести

Повеќе од 1.300 луѓе биле погрешно информирани дека се позитивни на ковид-19

И.И.

Хрватски пратеник сподели фотографија од жени наредени пред Зара, била лажна, но не толку далеку од вистината

Слободен печат

ВИДЕО: Трамп одржа уште една новинарска лекција: Никогаш не зборувајте на претседателот на таков начин

И.И.

Вандализам во Охрид: Оштетен споменикот на жртвите од несреќата на бродот „Илинден”, МНР со осуда на инцидентот

Слободен печат

Тројца странски државјани уапсени на Косово во врска со убиство во Босна и Херцеговина

Илинка Иљоска

Заев под „вкрстен“ оган

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian