Во Словенија епидемијата со корона вирусот може да заврши кон крајот на април

По направената анализа и симулација во земјата се вели дека доколку се почитува социјалното дистанцирање епидемијата би требало да заврши многу брзо.

Во Словенија е направена анализа и симулација која покажува дека епидемијата со коронавирусот во земјата може да заврши до крајот на април.

Симулацијата ја направи доктор Матјаж Лесковар од Институтот Јожеф Стефан, а е создадена по едноставен точкест модел на епидемија. Користени се јавно достапните податоците за начинот на ширење на вирусот и како се развива болеста Ковид-19.

Дополнително Лесковар изработи и повеќе сценарија за ширењето на вирусот во услови на почитување и непочитување на социјалното дистанцирање.

Според тие податоци доколку не се следат наредбите за изолација, бројот на заразени и заболени многу ќе се зголемува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот