Во Словенија досега потврдени 35 случаи на мајмунски сипаници

Словенија ковид
Словенија за време на пандемијата Ковид-19/ Фото: EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Во Словенија досега се потврдени вкупно 35 случаи на мајмунски сипаници од првиот случај во мај, соопшти денеска Националниот институт за јавно здравје.

Податоците на Институтот покажуваат дека една третина од луѓето се заразиле во странство – во Шпанија, Италија и Босна и Херцеговина.

Уште една третина се заразила во Словенија, додека за останатиот дел од пациентите сè уште не е познато каде се заразиле.

Мајмунските сипаници почнаа да се шират од Западна и Централна Африка, каде што болеста е ендемична.

Последните податоци на СЗО покажуваат дека се потврдени повеќе од 18.000 случаи на инфекција и пет смртни случаи во 78 земји ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот