Во Словенија 395 новозаразени со ковид-19, премиерот Јанша ја врши должноста на министер за здравство

epa08788106 An Austrian Military medic collects a swab sample from a person at a coronavirus disease testing site during a nationwide testing in Bratislava, Slovakia, 31 October 2020. A total of 50 Austrian military medics help Slovakia with the mass testing. EPA-EFE/JAKUB GAVLAK

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 395 нови случаи со коронавирус, а починаа 39 лица, пренесуваат тамошните медиуми.

Спроведени се 1.446 тестови, а позитивни се 27,32 отсто од тестираните, што е значитечлно подобар резултат отколку еден ден порано, кога секој трет беше позитивен, со 884 новозаразени и 40 смртни случаи, пренесува Индекс.

Во болниците моментално има 1.214 заболени од ковид-19, што е за 15 повеќе во однос на ден претходно, а 202 лица потешко заболени се лекуваат на одделенијата за интензивна нега.

Со 39 нови смртни случи во последните 24 часа во Словенија, бројот на починати од почетокот на пандемијата во оваа земја се зголеми на 2.353 лица.

Премиерот Јанез Јанша привремено ја презема и должноста на министер на здравје по излезот на партнерската партија од коалицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот