Во следните три дена одредени делови од скопските населби без струја

Струја / Фото: ЕПА

Поради технички зафати во електро-системот на Град Скопје, во текот на престојниот викенд и в понеделник, од 15 до 17 мај, без електрична енергија ќе останат општините Центар, Гази Баба, Чаир, Бутел и Шуто Оризари.

Утре без електрична енергија во период од 10:00 до 14:00 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Охридска”, „Титовелешка” „Стеван Цветковски”, „Преспанска”, „Раде Јовчевски Корчагин” во Маџир Маало, општина Центар.

Во период од 11:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Тајмишка”, непарни броеви 1а, 1б, 3а, 3б, 5а, 5б, 7а, 7б, 9а, 9б, 11а, 11б, парни броеви 2, 4, 6, 8, 10, 12, 14, 16 и 18, како и корисниците од улица „Коце Металец” броевите 100, 102, 104, 106, 108, 110, 139а, 139б, 141а, 141б, 143а и 143б, во општина Гази Баба

Во недела без струја во период од 05:10 до 08:00 часот ќе бидат корисниците од индустриска зона Визбегово, како и корисниците од населбите Визбегово, Кучевишка Бара, Скопје Север, Топанско Поле и Топаана, корисниците од цела општина Чаир, Момин Поток, населба Шуто Оризари, објектот на затворот Шутка, како и поголена територија на општина Бутел – населбите Бутел 1 и Бутел 2, во општините Чаир и Шуто Оризари.

Во период од 09:00 до 16:00 часот, без електрична енергија ќе бидат , индивидуалните стамбени објекти лоцирани на раскрсница меѓу улиците „Босна и Херцеговина” и „Александар Урдаревски”, во општина Бутел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот