Во скопско приведен криумчар на мигранти

Мигранти/ Фото: МИА

На локалниот пат од село Долно Количани кон село Горно Количани, скопско, денеска во 14.20 часот, полициски службеници од Оперативен тим – Потраги при СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Е.Т.(30) од Долно Количани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

За него била распишана централна потерница за издржување мерка притвор, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти” по член 418 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на мерката притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот