Во скопско „бмв” пронајдени мигранти кај тунелите Удово-Демир Капија

Фото: Архива на СП

Кај тунелите на магистралниот пат Удово – Демир Капија вчера во 12.30 часот било забележано патничко возило „бмв”, со скопски регистарски ознаки, во кое имало мигранти.

Од МВР денеска соопштија дека по преземени мерки од полициски службеници возилото било пронајдено во непосредна близина на плацот на ЈП „Комуналец” во Неготино.

– Еден мигрант, 16-годишник од Сирија, останал во багажникот од возилото, а возачот и останатите мигранти избегале. На местото на настанот бил извршен увид, известен е Јавен обвинител, а возилото било однесено во депото во Кавадарци. Пронајдениот мигрант бил задржан во ПТЦ Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот