2 C
Скопје

Во скопските ковид-центри се евидентирани 56 хоспитализации во изминатите 24 часа

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 56 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 489 сомнителни и потврдени лица со ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 34 приеми и тоа седум пациенти биле хоспитализиран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, двајца се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, двајца пациенти на Клиниката за нефрологија, 11 во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло и девет болни на Клиниката за очни болести.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти, а исто толку и Инфективната клиника.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти.
Во моментот во ковид-центарот на Клиника за кожни болести се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија – 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 47 пациенти со симптоми на коронавирусот. На Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 25 лица, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментот се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 23 пациенти. Во ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 25 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 106 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти, од кои седум деца и 19 возрасни.
Вкупно 489 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив добиваат кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
Прочитајте и...  Добиле наредби што не сакале да ги извршат: Тројца полицајци од Мјанмар по азил во Индија

Поврзани вести

Турција во февруарска офанзива против Даеш и ИСИС приведе 165 осомничени за тероризам

Слободен печат

Израел крои планови како да ги заштити од апсење офицерите од војната во 2014 година

Цунами од потресни снимки од ужасот во Нов Зеланд ги преплави социјалните мрежи

Слободен печат

Повторно ставена во функција модуларната болница во Клиничкиот центар

Слободен печат

Ужасен напад во Црна Гора: Насилници врежаа крст на градите на ЛГБТ лице и му ги повредија гениталиите

Слободен печат

Филипче: Во текот на овој месец ќе почне имунизацијата на населението

Слободен печат

Остави Коментар