Во скопските болници 41 нов пациент, има 40-тина слободни кревети

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје е хоспитализран 41 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 445 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. Во ковид центрите има 40 слободни места, соопшти Министерството за здравство. 

Во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа шестмина пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, еден болен е хоспитализиран на Клиниката за дерматовенерологија, тројца пациенти на ОРЛ, двајца на Клиниката за нефрологија и четворица на Клиниката за очни болести.  Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 13 нови приеми на пациенти, а 9 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти.
Од МЗ информираат и дека во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 31 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 46 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 15 пациенти, а на ОРЛ 26 болни. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 103 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти, од кои 8 деца и 25 возрасни.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, велат од МЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот