Во Скопје вчера биле санкционирани 152 возачи

Контрола на брзината на возење. / Фото; МВР

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера продолжиле со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје се изречени вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 9 за возење под дејство на алкохол, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 3 мерки за неносење на сигурносен појас, 7 за возач почетник, 8 за користењена мобилен телефон, 21 за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“ стои во соопштението на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот