Во Скопје утре ќе се изврши втора фаза од авионското прскање против комарци

Прскање против комарци / Фото; МИА

Градот Скопје ги известува граѓаните дека втората фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на Градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на утре во раните утрински часови.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, информираат од прес-службата на Град Скопје.

Оттаму ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот