Во Скопје утре изменет сообраќаен режим поради протестен марш

Фото: МВР

Во Скопје, утре во период од 18:45 до 20:30 часот ќе започне протест пред Министерство за надворешни работи, на улица „Филип Втори Македонски”, по улицата „11 Октомври”, улица „Димитрие Чуповски”, улица „Васил Главинов”, потоа по булеварите „ВМРО” и Илинден”, пред Владата на Република Северна Македонија.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде ќе се одвива настанот, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Видео на денот