Во Скопје уапсен затворски бегалец

Фото: Драган Митрески/ Слободен печат

Вчера од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Карпош е лишен од слобода Џ.З.(29) од Скопје. Тој е осуден на 7 години и 6 месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик, а се барал за доиздржување на 1 година 1 месец и 13 дена затвор. Џ.З. е приведен во полициска станица по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за доиздржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот