Во Скопје состанок на партнерите во ЕУ за проектот за паметни градови „MAtchUP" - Слободен печат

Во Скопје состанок на партнерите во ЕУ за проектот за паметни градови „MAtchUP”

Скопје денеска и утре е домаќин на петтиот состанок на партнерите во европскиот проект „Мечап” (MAtchUP), на кој се дискутира на тема „Максимизирање на потенцијалот за подобрување на квалитетот (UpScaling) и репликација на високо степените стратегии за урбана трансформација”.

„MAtchUP” е проект за паметни градови финансиран од Европската Унија од програмата Хоризонт2020, кој има за цел да креира и да преземе решенија кои можат да ги претворат урбаните проблеми во паметни можности што ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните и ќе ги поттикнат локалните економии.

Заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи истакна дека проектот „MAtchUP” предвидува посветена акција за употреба на обновливи извори на енергија, зголемување на одржливата мобилност и инвестирање во технологијата.

– Целта е градовите да се стекнат со квалитетни решенија на располагање на нивните паметни заедници кои ќе ги подобрат локалните економии и квалитетот на живот и ќе бидат модел за репликација во други градови и ќе доведат до урбана трансформација со активно учество на граѓани и други заинтересирани страни – рече Малиќи.

Тој се осврна и на активностите на Град Скопје за реализација на проектот „Паметен град”.

Проектниот конзорциум го сочинуваат 28 партнери од осум различни земји, три градови лидери Валенсија, Дрезден и Анталија и четири градови-следбеници Остенд, Герција, Скопје и Керава, поддржани од истражувачки институции, МСП, индустрија и непрофитни организации. „MAtchUP” градовите ги здружија силите за да ги преструктурираат своите социјални, економски и еколошки модели и да промовираат социјална инклузија, подобри услови за живеење и просперитет за своите граѓани.

„MAtchUP” своите активности ги реализира во четири сектори, и тоа: енергетика; мобилност; ИКТ и граѓани.

Крајната цел на проектот „MAtchUP” е да креира просперитетна и динамична урбана средина преку преземање на мерки со цел подобрување на енергетската ефикасност,  зголемена одржлива мобилност и инвестиции во технологија коишто ќе служат како модел за урбана трансформација за другите градови во Европа и пошироко.

Прочитај повеќе

По скратена постапка Собранието ги донесе измените на Законот за служба во Армијата

Слободен печат

По критиките за истрагата на убиството на новинарката Галиција, шефот на полицијата на Малта поднесе оставка

Слободен печат

Мајките со деца до четири години ќе добијат бесплатни билети за градски сообраќај во Истанбул

Слободен печат

Манчевски: Да постигнеме широк национален консензус на сите нивоа

Слободен печат

16 отсто од Европејците избегнуваат да купуваат на интернет и да користат интернет-банкарство

Слободен печат

Јакимовски приведен за семејно насилство, потврди ОЈО

Слободен печат

Остави Коментар

seven − 5 =

Прочитај повеќе

Повардарската епархија се поготвува за празникот Водици

МИА агенција

Усвојувањето на Законот за Јавното обвинителство е поддршка за евроинтеграциските процеси

Слободен печат

Неколку илјади луѓе во Алжир демонстрираа против властите

Слободен печат

Џафери: Борбата против корупцијата предуслов за успешна, демократска и правна држава

Слободен печат

Меркел и Мицотакис телефонски разговараа во пресрет на конференцијата во Берлин за Либија

МИА Агенција

Уништен видиковец на врвот на Водно (ФОТО)

Слободен печат