Во Скопје се приведени четири малолетни лица, поради нападот на 15-годишникот во Бутел

СВР Скопје ќе поднесе кривични пријави против четири малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12 години), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и против С.О., татко на 12-годишникот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Според пријавеното, малолетниците во петокот околу 19.30 часот на ул. „Александар Урдаревски“ физички нападнале друга група малолетници, при што 12-годишникот со остар предмет повредил 15-годишник, кој по укажаната помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, бил пуштен на домашно лекување, велат од МВР.

Набргу потоа, пријавените биле пронајдени и со нив, во присуство на родители и социјален работник, бил извршен разговор во кој тие го признале делото.

Кривична пријава ќе биде поднесена и против С.О., бидејќи неговиот син, кој има под 14 години, употребил остар предмет при вршење на кривичното дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот