Во Скопје се оддржува Регионален тренинг за наука и технологија

Регионален тренинг за наука и технологија како дел од програмата Глобални иновации преку наука и технологија ГИСТ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на американскиот Стејт департмент, во соработка со VentureWell и локалниот партнер  Стартап Македонија.

На тренингот е најавено учество  на млади и иновативни претприемачи од 12 држави од Источна Европа и Балканот: Северна Македонија, Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Црна Гора, Србија и Украина.

Меѓу учесниците се и Ајви Шултц, директор на катедрата за Претприемништво на престижната Академија по технологија од Колумбија и Игор Маџов, програмски директор на Стартап Македонија и соработник во СЦ/ Венчрс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот