Во Скопје санкционирани 409 возачи

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот при што изрече 409 мерки.

Како што соопшти МВР, само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 409 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 57, 46 за неисправни и нерегистрирани возила, 55 мерки за неносење сигурносен појас и 89 мерки за непрописно паркирање.

Од МВР посочуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и  апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот