Во Скопје санкционирани 314 возачи

Фото: Профимедиа

За неносење заштитна маска, стои во соопштението, изречени се 21 санкции.

На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 314 мерки.

Како што соопштија денеска од МВР, 38 мерки се изречени само за возење без возачка дозвола, 14 мерки за нерегистрирани возила, 11 за технички неисправни возила за јавен превоз, 15 за непридржување на законските ограничувања за возач-почетник, 5 санкции за управување под дејство на алкохол, 30 за некористење сигурносен појас, 23 мерки за користење на мобилен телефон, 54 за непрописно паркирани возила, 34 возила се подигнати со „пајак”.

За неносење заштитна маска, стои во соопштението, изречени се 21 санкции.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот