Во Скопје санкционирани 162 возачи, 31 за брзо возење

Контрола на брзината на возење. / Фото; МВР

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден продолжиле со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје биле изречени вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина има 31 санкција, 21 мерка за возење без возачка дозвола, три мерки за минување на возила на црвено светло, четири за некористење сигурносен појас, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, три за возење под дејство на алкохол, 41 мерка за непрописно паркирање, 15 за непрописно престигнување и обиколување, шест за нерегистрирани возила.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, соопштува МВР.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“ стои во соопштението на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот