Во Скопје приведени двајца осомничени крадци

Крадец / Фото: Профимедиа

По документирање на случаевитет, бидат поднесени соодветни поднесоци.

На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден припадници на полицијата приведоа два лица под сомнеж за извршено кривично дело „тешка киражба”, соопшти денеска Министерсвото за внатрешни работи.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 16.20 часот на булевар „Филип Втори Македонски”, за време на забраната за движење, го лишиле од слобода П.Н. (41) од скопското село Кучевиште, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба”.

– По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се наведува во соопштението.

Во друг случај, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Чаир вчера во 09.30 часот, за време на на забраната за движење, ја лишиле од слобода Е.Е. (21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба”.

– По документирање на случајот и против неа ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се додава во соопштението на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот