Во Скопје починаа двајца заболени од коронавирус

Министерото за здравство Венко Филипче рече дека еден од починатите бил на 91 годишна возраст, а вториот имал 31 година и бил во тешка здравстена стостојба.

Две лица починаа на Клиниката за инфективни болести, извести министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека еден од починатите бил на 91 годишна возраст, а вториот имал 31 година и бил во тешка здравстена стостојба.

Засега, рече Филипче има 16 новозаразени, а 257 има вкупно заболени во Македонија. Четириесет и девет лица се на лекување на Инфективната клиника.

– На сите други пациенти ширум државата состојбата е стабилна. Двајца од пацинтите имаа втор негативен тест. Уште 5 лица ќе бидат деновиве наскоро тестирани по втор пат. Значи за 5 до 7 дена може да имаме 7 лица пуштени дома – рече Филипче.

На Инфективната клиника, додаде тој се примени тројца пациенти, од Скопје и од Куманово и во моментов таму има вкупно 49 хоспитализирани лица, од кои седуммина се со потешка клиничка слика, односно имаат пневмонија, а другите пациенти се во стабилна состојба. Во моментов нема пациенти на респираторни машини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот