Во Скопје казнети 219 возачи, 18 возеле без дозвола

Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Само на територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден полицијата изрече вкупно 219 мерки, како дел од  засилените акциски контроли на Министерството за внатрешни работи во областа на сообраќајот.

Како што информират од МВР, меѓу санкционираните, 18 се за возење без возачка дозвола, 10 за непочитување на брзината на движење, 9 санкции за возење под дејство на алкохол, 8 за минување на затворен семафор (црвено светло), 10 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила и 18 за користење на мобилен телефон.

– Изречени се и 62 мерки за непрописно паркирани возила и 13 санкции за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, се додава во соопштението на МВР.

Оттаму апелират до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот