Во Скопје изречени 137 санкции од кои 23 за возење без возачка дозвола

Сообраќајна Полиција врши контрола на возила / ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Во Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 137 мерки од областа на сообраќајот од кои 23 се за возење без возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека меѓу изречените мерки се и девет санкции за брзо возење, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл и три санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се и 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на црвено светло, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот